„Длабоко сме загрижени за пролонгираниот политичкиот ќор-сокак во поранешна Југословенска Република Македонија и неговите импликации за човековите права, стои во денешното соопштение од Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации.
„Особено сме вознемирени од содржината на неодамна објавените снимени разговори кои се чини дека инкриминираат високи функционери во голем број на очигледни прекршувања на човековите права, вклучувајќи изборна измама, притисоци врз граѓанското општество и членови на опозицијата, мешање во судството и медиумите, како и масовно прислушкување.
Исто така, загрижени сме за обвинувањата за шпионажа насочени против претседателот на најголемата опозициска партија.
Ги повикуваме властите да започнат независна, темелна и непристрасна истрага за сите наводи за злоупотреби, без оглед на нивниот извор, и да се обезбеди дека резултатите ќе бидат објавени во јавноста. Исто така, ги повикаме властите да обезбедат одговорност за какво било прекршување на владеењето на правото или кршењето на човековите права откриени со таква истрага. Ова ќе помогне да се врати јавната доверба во државните институции.
Во тековната неизвесна политичка ситуација, особено е важно да се гарантира независноста на судството, почитување на владеењето на правото и слободата на печатот. Меѓународните стандарди за фер судење и процес, исто така, треба да се почитуваат.
Конечно, ги повикуваме сите страни да бидат воздржни и да се вклучат во конструктивен дијалог со цел решавање на политичката криза на начинот кој ќе обезбеди целосно почитување на човековите права.
Ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и подготвени сме да помогнеме“, стои восоопштението на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации.