За да изгледате убаво, не ви треба премногу. Доволно е да се послужите се еден од овие едноставни и ефектни трикови.
1. Потријте го лицето со коцка мраз
После миење на лицето нежно поминете по лицето со коцка мраз како би ги затвориле порите и би му дале на лицето свеж изглед. Освен тоа, овој третман помага да ги намалите моменталните воспаленија и црвенилото, посебно ако наместо вода замрзнете чај од камилица.
2. Изедете зрела банана и поминете со внатрешната страна од кората на бананата по борите. Бананата не само што помага во борбата со лошото расположение и носи калиум во во нашиот организам, туку и истотака ја прави вашата кожа убава и ја хидратизира. Потријте ги проблематични зони со внаштрешната страна од кората, и причекајте додека бананата не потемни (околу една минута) и потоа измијте со ладна вода.
3. Детска пудра наместо сув шампон
Ако останавте без вашиот омилен сув шампон, можете да го замените со детската пудра. Нанесете го и добро потријте за да не останат бели траги и легнете во кревет. Наутро ќе се разбудите со чиста коса полна со волумен!
4. Трчајте и скокајте во место со интензивно темпо една минута. Тоа ќе го замрза вашиот крвоток и ќе го зголеми нивото на кислород во вашата крв, што пак ќе доведе до брзо изменување на супстанциите во вашиот организам и ќе ви даде природно румен изглед.
5. Нанесете пена на влажна коса од коренот до врвовите и соберете ја во пунџа. Навечер, после работа, едноставно пуштете ја косата и ќе добиете убави благи локни. Прочепкајте ја со прстите и подготвени сте за излегување!
6. Карминот може да ви послужи како руменило, но и како сенка за очи. Ако немате време за целосно шминкање, нагласете ги капаците, јаболчиците и усните со омилената нијанса на кармин. Темелно размачкајте. Овој трик ќе ви даде негуван и тренди изглед.
7. Масирање со сува четка малку е позната, но многу ефективна метода за негата на кожата. Купете си четка од природни влакна и масирајте го телото од стопалата па нагоре. Така ќе ги извадите мртвите клетки од својата кожа, но и отстранување на токсините и вишокот течности од телото.
8. Не го фрлајте талогот од кафето, од него може да направите ефективен антицелулитен пилинг. Помешајте го со мед, масло од грејпфрут или лимон и тријте на проблематичните делови пред туширање.