Американската морнарица поседува топ што служи за лансирање и активирање на дронови во рок од 60 секунди. Според морнарицата, дроновите претставуваат нова ера во автономните и беспилотните системи на воените операции.
Концептот за LOCUST дозволува повеќе дронови да бидат координирани и лансирани од земја, бродови, авиони или други беспилотни летала. Програмата има неколку фази, штом дроновите ќе се лансираат веднаш испраќаат информации и координати.
Дроновите и топовите се развиваат во ONR-8 ( Office of Naval Research).