Арбен Лабеништа, заменик министер за одбрана на Република Македонија, поднел оставка на својата функција, дознава Плусинфо.
Како што неофицијално дознава порталот, Лабеништа ја образложил оставката со тврдењето дека не сака да биде во влада со луѓе кои со погрдни називи ги ословуваат Албанците.
Претставник на ДУИ за Плусинфо ја потврди оваа информација. Тој предупреди дека утре во Струга се одржуваат внатрепартиски избори, на кои Лабеништа е против-кандидат на Рамиз Мерко за шеф на партискиот огранок. Можно е тој да поднел оставка со цел во трката за струшкиот огранок да влезе неизвалкан.
-Нецивилизирани луѓе, неедуцирана демократија, недостатокот на етички и морални капацитети создава хаос, искористување, обесхрабрување, талог кој ќе ги покрие нашите напори за нашиот национален и општествен живот во иднина – пишува Лабеништа во своето објаснување на мотивот за оставката којашто до министерството за одбрана и официјално ќе биде доставена во понеделник