Десет случаи во кои за малку ќе беше крај на светот

Светот каков што го познаваме во повеќе наврати ќе престанеше да постои, со комети кои доаѓале во насока на Земјата, нуклеарни катастрофи и други опасности, кои буквално „за малку“ ќе го уништеа животот на оваа планета, a ова се десетте најкобни.

10. Пад во комуникациските канали


Светот за малку ќе беше уништен на 24 ноември, 1961 година, поради расипан комуникациски систем. Командниот стратешки воздушен центар на САД не можеше да оствари контакт со три центри за лансирање. Ова беше сфатено како да се под напад на непријатели, па почнаа подготовките на авиони бомбардери. Во тоа време, војна со Русија делуваше неизбежно, сè додека не успеаја да исконтактираат авион во лет, чиј пилот потврди дека не станува збор за никаков напад. А проблемот излезе дека е во мал дефект на електрична мрежа.
9. Ерупција на Тамбора

88.000 луѓе загинаа како резултат на ерупција на Маунт Тамбора во Индонезија, во 1815-та година. Ерупцијата имаше домино ефект и предизвика страшни ветрови и огромни цунами. Големи делови од светото се оладија и ниските температури направија 1816 да биде годината во историјата, во која немаше лето.
8. Настанот Карингтон


Во 1859 се случи најголемиот соларен одблесок на Сонцето, која емитуваше радијација со енергија на 10 милиони атомски бомби. Ова доведе до геомагнетна бура што резултираше со пад на електричните системи на Земјата. Научниците велат дека доколку денес се случи ваков настан, последиците ќе бидат катастрофални поради нашата секојдневна зависност од технологија. Според процените, следната требаше да се случи досега. Од забележување на овој настан, до ефектите, ќе им даде на луѓето само еден ден за подготовка за катастрофа.

7. Норвешкиот инцидент со ракета


Американски научници го истражуваа феноменот Аурора Бореалис во Норвешка и лансираа ракета за истражување, која беше интерпретирана од Русија како воен, нуклеарен напад. Борис Елцин имал 8 минути да одлучи дали Русија ќе возврати на нападот, а за среќа за тоа време норвешката ракета падна во морето, пред да ја донесе кобната одлука. 

6. Црната смрт

Чумата од 14. век остави 75 милиони луѓе мртви. Жртвите добиваа треска и нивните лимфни јазли отекуваат до пукање, во рок од три дена. Доколку денеска се појави ваква болест, последиците ќе бидат катастрофални поради зголеменото движење на луѓето низ светот – преку 80 милиони луѓе патуваат секојдневно што ќе предизвика побрзо ширење на вирусот.

5. Кометата Бонила

Во 1883 година, астрономот Хосе Бонила регистрираше 450 објекти како поминуваат пред Сонцето, настан што беше изигнориран од повеќето научници и заборавен наскоро. Но во 2011, научник кој се посветил на работата на Бонила, откри дека всушност овие објекти биле фрагменти од комета тешка една милијарда тони, кои ја промашиле Земјата за само 600 километри. Секој фрагмент бил со ширина од 800 метри, а удар од еден ваков ќе резултирал со катастрофа 1000 пати помоќна од атомска бомба.

4. Шпанскиот грип

Во 1918 се случи најлошата епидемија на грип во историјата , кога една третина од светската популација беше заразена и околу 50 милиони луѓе починаа. Вирусот ги полнеше белите дробови со течност и за неколку саати предизвикуваше гушење кај жртвите. Доколку се појави пак, истиот ќе се прошири за многу кратко време насекаде низ светот.
3. Klebsiella Planticola


Во 1990 научници ја соединија бактеријата Klebsiella Planticola со друга бактерија за продуцирање алкохол, со цел да добијат генетски модифициран организам што ќе ја направи неплодната почва плодна, и ќе произведе продукт што може да се продава. Но научниците не направија тестирање на плодна почва, пред да почнат да го поставуваат овој креиран производ на почвите во светот. А независните истражувања покажаа дека оваа течност, ги уништува целосно постоечките насадени растенија за помалку од недела. За среќа, овие тестови го стопираа користење на производот во пракса, а ако тоа не се случеше бактеријата за брзо ќе се проширеше насекаде во светот и ќе ги уништеше сите насади.
2. Кризата во Куба


Кога САД постави водена блокада, за да го спречи Советскиот сојуз да гради нуклеарни бази во Куба, Сојузот го сфати ова како воен потег. 12 дена, во 1962 година, изгледаше како нуклеарната војна да е неизбежна – двете страни беа подготвени за напад. Паниката заврши кога Русија одлучи да ги отстрани своите бази во Куба, а САД вети дека ќе ја тргне блокадата и својата нуклеарна база во Турција.
1. Лажен нуклеарен аларм


Во 1983-та советско воено лице забележал компјутерско предупредување, од системот за воено набљудување, дека 5 воени проектили биле лансирани од САД. Очекувано би било да го пријави ова кај надредените, што сигурно ќе резултирало со контра напад од страна на Русија. Но, тој го следел својот инстинкт и ги регистрирал овие информации како грешка во системот. За среќа, бидејќи советските сателити погрешно ги интерпретирале зраците од светлина како воени проектили.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О