Емисиите на македонските телевизии некогаш и сега

Сведоци сме како со секој изминат ден македонската публика се повеќе е одалечена од ТВ екраните. Иако навистина голем удел во овој процес имаше дигитализацијата и достапноста на интернетот, сепак, мора да се признае дека и самите телевизиски куќи се виновни за ваквата ситуација. Во галеријата подолу на сликовит начин ќе се обидеме да ја прикажеме понудата на програмата пред околу една деценија, и она што ни е дадено да го гледаме денеска. Замената на македонските продукции со евтини странски емисии и серијали си го направи своето. Паралелата подолу го прикажува она што веќе беше очигледно.
Еве што гледаа луѓето на македонските програми некогаш:

1. ДАЈТЕ МУЗИКА


2. БУШАВА АЗБУКА

3. ЧУДОВИШТАТА ВО НАШИОТ ГРАД

4. МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ

5. СУПЕР ЅВЕЗДА


6. ДОСИЕ СКОПЈЕ

7. ДАЈ ПОБРЗАЈ

8. КОЈ САКА ДА БИДЕ МИЛИОНЕР?

9. К-15

10. ВОДЕНИ ЛУДОРИИ

11. НАШЕ МААЛО

12. УМНИ ГЛАВИ

13. ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ

А еве што гледаме денеска:

1. БЕЛОТО ПАМУКЧЕ

2. СÈ ЗА ЉУБОВ

3. МЕНУВАМ ЖЕНА


4. БРАЧЕН СУДИЈА

5. ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД

6. МАЛЕЧКАТА НЕВЕСТА


7. ПРЕЉУБНИЦИ


8. КРВТА НЕ Е ВОДА


Во секој случај, секоја чест на исклучоците кои во времиња на пренатрупаност од „кичести“ емисии, сè уште се трудат да направат нешто итнересно и забавно за македонската публика. Во оваа категорија вреди да се споменат емисиите „Сè или нешто“ на Лила Филиповска, „1 на 1“ на Жарко Димитриовски, „Ајде дома“ со Ивана Николовска, детската емисија „Пет плус“, „Зевзекманија“, и младата екипа на „Македонските народни приказни“, кои и покрај негативните коментари и фактот што недостига старата автентична актерска екипа, сè уште се обидуваат да понудат нешто квалитетно.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О