Девет гола на Реал, пет на Роналдо!

Сите фрустрации кои се собраа на „планетата Мадрид“ денес беа исфрлени против Гранада. Во дуелот од 29-то коло во шпанска Примера, Реал Мадрид ја разнесе Гранада со 9:1.

Гранада успеа да одолее на нападите на Реал Мадрид до 25-та минута кога резултатот го отвори Герет Бејл. Следуваше „блицкриг“ во режија на Кристијано Роналдо - за само осум минути, од 30-та до 38-ма Португалецот постигна хет-трик за 4:0 на полувремето.

Тоа беше 24-ти хет-трик на Роналдо во дресот на „Кралскиот клуб“ и најбрзо постигнтите три гола во неговата кариера. Покрај тоа, го израмни рекордот на Меси по бројот на хет-трикови. Инаку на Меси за 24 хет-трика му беа потребни 11 сезони (350 натпревари), а на Роналдо тој подвиг го направи за шест сезони (190 натпревари).

Ако момците од Гранада мислеа дека Реал ќе сопре тука, се излажаа. Од 52-ра до 56-та минута примија нови три гола - два постигна Бензема, еден Роналдо. Се чинеше дека Реал ќе оди на „десетка“ но „Кралевите“ сопреа на 9-1.

Најпрвин Ибањез постигна почесен гол за гостите, потоа Мајнц ја погоди сопствената мрежа, а на една минута пред крајот на мечот својот петти гол денес го постигна Кристијано Роналдо за конечни 9:1. Роналдо сега има 36 гола во примера, четири погодоци од Лионел Меси.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О