Речиси е неверојатно за човек во поодминати години да има буквално цела армија од идеални девојки околу себе и сите тие со уживање да бидат дел од "Playboy царството". Неверојатен се чини дека e и животот на прочуените зајачици, но како всушност изгледа еден работен ден на девојка со ваква титула?
Зајачица во пензија, која сакала да остане анонимна, искрено проговорила за своето искуство.
Дефинитивно најконтроверзната идеја на 20-тиот век е Playboy, и тоа во сите нејзини облици, почнувајќи од списанијата, преку вилите, до нивните клубови и ријалити шоу емисии.
Во внатрешноста на Playboy владее хиераргија во која Хју Хефнер уште одамна поставил правила од кои нема отстапување. Што и да прават во текот на денот, зајачиците се должни да бидат во домот во точно 21 часот, без отстапување, а посетите на познаниците се строго забранети.
Додека оваа анонимна зајачица работела во Playboy клубот во Англија, правилата биле прилично остри.
Сите зајачици морало да бидат на работа еден час порано, а за тој час не им се плаќало. За тоа време секоја зајачица морала да ги налакира своите нокти, да направи совршени кадрици и беспрекорно да се нашминка.
Неколку минути пред почетокот на смената, "мајките" зајачици би ги прегледале, па ако некоја од нив не би била на висина на задачата и ако нивниот изглед не ги исполнувал критериумите, тие морале да ги исправат пропустите колку што е можно побрзо. За секоја изгубена минута во корегирање на изгледот им се одбивало од платата.
Ако некој од присутните со "подлабок џеб" би одлучил да ја почасти зајачицата, само мал дел од тој бакшиш би одел кај неа. Бакшишот од сите зајачици се собирал на едно место.
На крајот на месецот, од вкупната сума на бакшишот се одзимал придонесот со кој се плаќале даноците. Од сумата која преостанувала им се разделувал бакшишот на сите зајачици, па дури и на оние кои никогаш не го заработиле.
Откако ќе завршеле со своите работни ангажмани, во раните утрински часови, зајачиците кои немале сопствен превоз, ризикувале да бидат физички нападнати додека го чекале првиот утрински превоз.
За своето искуство во Playboy вилата проговори отворено и една од миленичките на Хју Хефнер, Холи Медисон.
Таа изјави дека во текот на престојот во вилата потполно го изгубила идентитетот и дека во поголемиот дел од своето работно време се чувствувала како роб. Кога посакала да роди дете, Хефнер ѝ подарил мајмун за актерката да се откаже од таа, како што вели, налудничава идеја.
Холи изјавила дека пред крајот на својата кариера во Playboy се обидела да изврши самоубиство, бидејќи се чувствувала како да нема надеж за подобра иднина.
Таа пишува и книга во која ќе ги открие сите детали од своето искуство од престојот во Playboy вилата.