Снимен НЛО покрај вулканот во Чиле!?

Во текот на ерупцијата на вулканот Калбуко во јужно Чиле на еден од видео записите на YouTube мрежата може да се забележи светло од летечки објект, а теоретичарите на заговори веруваат дека вонземјаните можеби биле привлечени од моќната ерупција.

После моќната ерупција на вулканот кој се наоѓа во областа Лос Лагос, каде се наоѓа и популарната туристичка дестинација Пуерто Варас, евакуирани се 4.000 луѓе.

Сепак, она што помеѓу останатото го привлече вниманието на јавноста, но секако најмногу вниманието на теоретичарите на заговори и луѓето кои веруваат во приказните за вонземјани, е видео записот од ерупцијата на која се гледа некаков светлечки објект за кој тие веруваат дека е НЛО.

На видео записот кој се појави на интернет мрежата многумина тврдат дека е снимена токму летечка чинија. Она што со сигурност може да се каже е дека на записот се гледа летечки објект со две светла.

Погледнете и сами проценете за што станува збор:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О