Еве како изгледа кога сте во авион кој навистина паѓа!

Новиот експеримент со Oculus Rift геџетот е голем чекор кон развивањето на виртуелната реалност во добри цели од кои би можеле да имаме голема корист, како и показател дека тие не служат исклучително само за забава.

Истражувачите откриле уште една предност при користењето на геџетот за виртуелна реалност Oculus Rift. Всушност, овие очила можат да бидат идеален начин за подобро учење за правилно постапување во ситуации во кои животот ни е загрозен.

Еден од таквите примери е и подобро учење на безбедносните упатства при летањето.

- Податоците говорат дека веќе и само неколку минути играње на симулации за слетување на вода и евакуација е доволно за добро да ги запомниме сите важни детали кои би ни помогнале во реална ситуација. Некои од нив навистина не би можеле да ги заборавиме така брзо, вели професорот Лука Читаро, директор по човечко-компјутерска интеракција на Универзитетот во Удине.


Благодарение на така уверливото искуство и чувството за близина, можно е и да се направи подготовка кај луѓето за било каква опасност. Безбедноста во авионот е само почеток на проектот. Истражувањата ќе продолжат во насока за да се направи симулација на сите можни сценарија во кои поединци можеби некогаш и реално ќе се најдат и со чија помош би можеле да преживеат.

Ова е огромен чекор во развивањето на виртуелната реалност во добри цели од кои сите би можеле да имаат голема корист, како и показател дека виртуелната реалност не служи само за забава.

Погледнете:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О