Трета оставка од ДУИ: Шефик Дураку, потпретседател од огранокот Арачиново

Шефик Дураки, заменик-претседател на огранокот на ДУИ, денеска јавно ја објави својата оставка од партиските функции во ДУИ, пренесува албанскиот портал Журнал.

"Ја најавив пред членовите на огранокот и партиските органи мојата оставка од позицијата заменик-претседател на ДУИ во Арачиново, но денес сакам да ја потврдам за јавноста, да го изразам незадоволството на организацијата на ДУИ, воопшто, а особено на функционирање на ниво на ограноци.

Јас како активист од основањето на ДУИ јавно го изразувам разочарувањето и незадоволството не од политиките и програмите на ДУИ, туку од начинот на партиската организација и создавање на различни групи и кланови. И понатаму сум активист на политичката ориентација достојна на ДУИ, но не и во служба на кланови ", пишува Дураку.

Претходно, по вчерашната оставка на заменик-министерот за одбрана од редовите на ДУИ, Арбен Лабеништа, веднаш по него од својата функција се повлече и генералниот секретар на партијата на Али Ахмети, Хазби Лика.

Тој во отворено писмо до јавноста наведува дека е незадоволен од тоа што неговата партија сѐ уште не се дистанцирала од Владата по објавувањето на бомбите на СДСМ.

Медиумите на албански јазик повикувајќи се на неофицијални партиски извори очекуваат уште оставки во ДУИ, па дури и од неколкумина пратеници.

Заменик министерот за одбрана од ДУИ, Арбен Лабеништа, даде оставка поради поради незадоволство од начинот на којшто функционира партијата во време на политичка криза, пренесуваат македонските медиуми на албански јазик.

-Нецивилизирани луѓе, неедуцирана демократија, недостатокот на етички и морални капацитети создава хаос, искористување, обесхрабрување, талог кој ќе ги покрие нашите напори за нашиот национален и општествен живот во иднина,пишува Лабеништа во своето објаснување на мотивот за оставката којашто до министерството за одбрана и официјално ќе биде доставена во понеделник.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О