Автомобилот бил полн со картонски кутии а кога полицијата ги отворила во нив имало 1220 килограми марихуана.
Шпанската полиција уапсила маж (34) кој во својот автомобил превезувал повеќе од 1000 килограми марихуана. Возел без вклучени светла и тоа била причината зошто полицијата го запрела.
На полицајците на Исла Кристина на југот од Шпанија им било сомнително кога виделе автомобил кој се движи без вклучени светла. Го сопреле возилото а тоа што го затекнале ги вџашило. Се уште не е познато потеклото на дрогата но против мажот секако е поднесена кривична пријава.