
Во поглед на користењето на модерните технологии, фудбалот е многу зад хокејот или тенисот. ФИФА долго време се бори против влезот на видео технологијата како помошно средство при судиските одлуки и засега нема намера да напредува освен технологијата за тоа дали топката ја минала гол линијата.
Во такви услови аргентинскиот судија се соочува со речиси сигурна казна. На натпреварот меѓу Велез и Арсенал, тој погрешно досуди пенал и го исклучи дефанзивецот. Сепак кога доби информација дека камерите покажале дека тој не играл со рака, судијата реши да ја поништи својата одлука.
Извесно е дека судијата Делфино ќе биде казнет за нешто што во иднина речиси сигурно ќе биде дел од фудбалот.