Нов проект во Дубаи: Подводни терени за тенис

Полскиот архитект Кристоф Котала има интересен дизајн за тениски центар во Дубаи. Според него, овој проект би имал голем потенцијал на пазарот и би претставувал комбинација од најдоброто во технологијата. Станува збор за подводни терени за тенис.

„Сè уште нема инвеститори за проектот, но се надевам дека некој заинтересиран ќе се јави. Мислам дека ова е добра идеја, уникатна идеја, а токму Дубаи е совршен град за нејзина реализација“, вели архитектот за Arabian Business.

Неговата намера е во близина на морскиот брег да изгради подводни терени за тенис. Веќе го има завршено иницијалниот дизајн, а сега треба да привлече инвеститори.

Досега во Дубаи се планирани изградби на неколку подводни објекти, а неделава беа соопштени и детали за изградба на вили под морето.

Останува да видиме дали овој концепт ќе биде поддржан од инвеститорите.











ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О