Подобро ќотек од мајка отколку од полиција (видео)

Откако го препознала својот син меѓу демонстрантите во Балтимор, една мајка му влепи неколку воспитни на младото момче и го одведе дома. Видеото и постапката на мајката и дадоа титула Мајка на годината.

Протестите почнаа на денот на погребот на Фреди Греј кој почина во полициски притвор пред една недела. Греј починал поради сериозните повреди кои му ги нанеле полицајците, што предизвика гнев кај голем дел од жителите на градот.

Сепак, оваа мајка не сака нејзиниот син да биде дел од насилствата и самиот да се доведе во потенцијално опасна ситуација, па со неколку шамари пред камерите, го прати дома.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О