Град во вулкан, село во пустина: Ова се најмагичните населби во светот

Сокриени на некои од најубавите места во светот, овие мали села се дом на луѓето кои се адаптирале да живеат во хармонија со природата. Од места скриени под земја, до пловечки села, овие населби опстануваат скриени од остатокот од светот.

Аогашима, Филипинско море


Ова е можеби последното место на светот на кое би очекувале да најдете населба. Сред вулканот во Филипинското море, наоѓа тропски островкој последен пат имал ерупција во 1780 година. Иако тогаш побегнале,неговите жители се вратиле педесет години подоцна и сега тука живеат околу 200 луѓе.



Исорток, Гренланд


Среде снегот и мразот се наоѓа селото Исорток на Гренланд. Во него живеат само 63 луѓе, а Инуитите таму некогаш преживувале само на месо, затоа што е невозможно да се одгледуваат растенија. Сепак, жителите на ова село денес имаат и одлично снабден супермаркет, па така не мора веќе да се занимаваат со лов.


Сапа, Виетнам


Каскадните зелени ливади и полиња со ориз го сочинуваат регионот Сапа на север од Виетнам. Ова племе кое живее во живописното зелено село е многу дружељубиво и вратите од нивните домови се секогаш отворени за туристите. Оние кои сакаат да ги истражуваат падините на овој регион можат да се обратат кај туристичките водичи кои ќе бидат среќни да ги прошетаат и да им ги покажат прекрасните глетки кои ги овозможува ова село.



Хаукачина, Перу


Среде еден од најсушните предели на светот се наоѓа оаза полна со палми, езера и интересни куќички. Оваа релаксирачка лагуна наводно има исцелителни моќи, а ова магично место е омилено меѓу авантуристите. Во него живеат 96 луѓе кои ги водат продавниците, хотелите и останатите објекти за туристи.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О