Последниот тренд кој ни пристига од Холивуд е нешто на кое многу дами не би се осудиле. Но, познатите пејачки кои со секој свој настап ја провоцираат публиката и јавноста, со леснотија одлучиле да се одречат од долната облека. Да, новиот тренд кој ни пристига на голема врата подразбира да го оставите градникот дома. Дали и вие би се осмелиле да го направите тоа?
Пејачката Рита Ора облекла црна ролка на еден неодамнешен настан во Лондон. Дали Рита знаела дека поради блицот на фотоапаратите ќе покаже и повеќе од што планирала или токму тоа го сакала, не знаеме, но нејзините гради уште истата вечер беа тема на сите медиуми.
И Ријана „заборавила“ да облече градник пред да излезе од дома. Или можеби не заборавила? Поп ѕвездата е позната по провокации, не само на настапите, туку и на црвениот тепих. Сигурно се сеќавате дека Ријана и на црвениот тепих се појави без градник.
За Ким Кардашијан критичарите велат дека нејзините облини се единствената причина поради која е позната. А како подобро да ги истакне отколку во маичка со длабоко деколте под кое не носи градник?
Во слично издание сме имале прилика да видиме и ѕвезди од кои тоа не би го очекувале, како што се Џенифер Анистон и Никол Кидман. Погледнете уште кои други ѕвезди одлучиле да „се одморат“ од градникот.