Неговиот беспрекорен изглед му донесе многу епитети, како најзгодниот и најсекси маж на светот, но Бред Пит тешко дека ќе заработи комплименти со новиот изглед.
Славниот актер моментално е во Њу Орлеанс каде што го снима новиот филм „The Big Short”, кој ќе ја тематизира финансиската криза која во 2007 година го погоди САД и светот. Пит глуми партнер во приватната финансиска компанија Cornwall Capital.
На сетот, измеѓу снимањето, е снимен со подолга, седа брада, големи очила и оддавал доем на просечен службеник, а не на славен холивудски актер.
Секогаш е интересно да се гледаат актерските транформации, но оваа, на жените кои навикнаа да го гледаат згодниот Бред во беспрекорно издание, никако нема да им се допадне.