"Македонија бараше помош од 17 земји, не ни одговорија"

Амбасадорката на Македонија во Хрватска, Даниела Караѓјозоска, рекла дека Македонија поради терористичкиот напад во Куманово барала помош од други земји.

Откако избиле вооружените судири во Куманово, Македонија побарала помош од 17 земји. Некои од нив се од регионот, а некои членки на НАТО сојузот, но никој не сакал да помогне. Повеќето воопшто не одговориле на барањето, рекла македонската амбасадорка во Хрватска, Даниела Караѓозоска, пренесува 24.sata. Таа додала дека македонските власти барале разузнавачки податоци кои би им помогнале во борбата против тероризмот, но никој не сакал да им ги отстапи.

Не сакала да коментира дали и Хрватска била меѓу земјите кои одбиле да и помогнат на Македонија. Караѓозоска рекла дека и македонската амбасада во Загреб ги зголемила безбедносните мерки по нападот во Куманово.



"Во Куманово се боревме со најопасната банда на Балканот, која сака да ја дестабилизира Македонија. Тие се реална опасност за регионот, а планот им бил да бомбардираат ракетираат витални места на кои се собираат голем број на луѓе, како пазари, шопинг центри и полициски станици", објаснила таа. Рекла и дека убиените и уапсени терористи војувале во Ирак, Сирија и Авганистан и дека имале помош од поединечни жители на Куманово, пренесува 24 sata.

"Во еден момент започна пукањето кое траеше 16 часа без престан. На крајот смртно настрадале осум наши полицајци, додека 37 биле повредени", истакнала таа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О