Приказната за детето од нацистичките плакати на Хитлер


Со сини очи и светла коса малиот Герхард Бартелс бил совршено момче за нацистичката кампања на Хитлер во 1936 година. Осумдесет години подоцна Бартелс за прв пат проговорил за нацистичкиот режим од кој бил искористен за пропаганда.

Неговиот вујко Исидор Веис бил пријател со Адолф Хитлер, токму затоа четиригодишниот Герхард се фотографирал со Хитлер и завршил како модел на нацистички плакат.


Пред почетокот на Втората светска војна лицето на Герхард се појавувало на разгледници, книги и кампањи на нацистичкиот режим. Осумдесет години подоцна тој јавно проговорил за режимот од кој бил искористен.

„Не ми дозволија да си играм со другите деца за да не ја извалкам облеката. Тоа не ми се допаѓаше, јас само сакав да си играм со другарчињата“, вели Герхард за Daily Mail.

Хајнрих Хофман, личниот фотограф на Хитлер, ги направил фотографиите со кои нацистите ја промовирале кампањата за ариевски деца.

„Хитлер беше гангстер, нацистите ме искористија за потребите на кампањата, сакаа да покажат дека Хитлер ги сака децата. Но, секој диктатор, од Мусолини до Сталин, го правел истото“, раскажува Герхард, додавајќи дека бил избран за кампањата поради својот ариевски изглед.

За фотографијата од 1936 година тој се присетува дека Хитлер им ветил на децата дека ќе им даде парче торта.

„Неговиот фотограф ги имаше сите фотографии, а 80 години потоа јас сè уште го чекам мојот дел од тортата. Исто како и многу други ветувања на Хитлер кои звучеа предобро за да бидат вистина, дури сега гледам дека тоа воопшто не го мислел“, вели тој.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О