Како се бранеше Јанкулоска во 2013 по обелоденувањето на аферата со становите



Денешната таканаречена бомба на опозицијата откри разговори помеѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и министерот за финансии Зоран Ставрески во кои што тие се советуваат и зборуваат за купување станови коишто сакаат да останат далеку од очите на јавноста.

Кога во 2013 година портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес конференција ја обелодени аферата поврзана со зградата на улицата Димче Мирчев каде што станови имаа купено фунцкионери на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и министерката Јанкуловска, таа тогаш возврати со тужба за Шилегов. Тужбата ја доби на првостепениот суд, но годинава Апелацискиот суд ја отфрли.

– Сите надлежни институции го потврдија тоа. Немам купено станови од 214 квадратни метри. Имотниот лист го докажува тоа. Не е точно дека немам подигнато долгорочен кредит. Договорот со Шпаркасе банка го потврдува тоа. Државната комисија за спречување на корупција го потврди тоа. Петре Шилегов лаже, ова е дел од писмената реакција на Гордана Јанкуловска од септември 2013,

Јанкулоска тогаш ги повика сите новинари кои се сомневаат дека е можно нешто од тоа што го говори портпаролот на СДСМ да биде вистина да направат увид во документите, „со што ќе се уверат и лично во клеветите и манипулациите кои во континуитет се пласираат'.

Извадок од денешните транскрипти од новата таканаречена бомба на СДСМ
ЗС: Ааа...ај нејќам друго по телефон. Сакав тоа да те барам...пошто она...девојчето ни кажа тогаш, неколку што се вака available и рече: видете, што – кои, па сакав само да те прашам вашиот кај беше и на која страна од тие што се таму, ама...
ГЈ: Знаеш како е...према Водно и према Шар Планина. Практично накај вас, мислам дека натаму му доаѓа, у тој правец.
ЗС: Добро. Мхм.
ГЈ: Али јас сум да ти кажам...
ЗС: 89 беше или колку?
ГЈ: А бе ние 2 нели, ти си заборавил!
ЗС: Ама едниот. Не, не, не сум заборавил.
ГЈ: Едниот...ха, ха, ха. Ти ме убеди и заборави. Delete стисна.
ЗС: Не, не. Ама како сега, едниот беше 89, другиот 50 или?
ГЈ: Не, не. Вака беше Зоки. Едниот, едниот беше 89, ама нас ни требаше уште едно мало просторче за точаците. Пошто знаеш ние имаме проблем. Па земавме од другиот и го направивме 92, а другиот беше околу 70 остана, така некако мислам.
ЗС: Аха.
ГЈ: Или 60 и неколку дојде,
ЗС: Ооо, па вие сте се претерале бе. Ха, ха, ха.
ГЈ: Е па ти, ти што ми кажа сега...Ааа не заебавај. Ха, ха, ха.
ЗС: Добар, добар совет. Тоа е најдобар што си го у живот добила.
ГЈ: Така да супер испадна. И тоа после тоа бевме ние, пошто ние нели апла на време ја фативме работава. И ставрно како го имаат направено, значи едно е кога ја гледаш скицава, кога ќе отидеш таму, преубаво изгледа.
ЗС: Е ај ја ако договориме нешто...како да се отиде до таму, а да не биде забележано? Тоа ми е, да не биде...
ГЈ: Има како.
ЗС: Има?
ГЈ: Знаеш како. Со кола се влегува скроз во објектот, доле. Ќе се договориме...
ЗС: Добро. И нема таму вработени други?
ГЈ: Може некој мајстор да има...
ЗС: Навечер?
ГЈ: Не бе, преку ден. Ама ќе и речеме на Драгана подискретно да се тргнат мајсторите, нагоре да нема никој.
ЗС: Не бе, или приквечер, навечер. Не мора...зашто да се...
ГЈ: А бе нема светло навечер...
ЗС: А нема ич.
ГЈ: Пошто тоа е објект во градба и...
ЗС: Е па приквечер, добро кога нема ...
ГЈ: Приквечер дур има уште малку дневна светлина, иначе супер е. Влатко и вртеше на Драгана мислам, вчера-завчера, за да довршиме, нели треба договор да потпишеме, сите тие работи. Ама не му се јави, па не го препрашав дали ја добил во меѓувреме. Иначе многу е фина.
ЗС: Знам, знам.
ГЈ: Мислам мене ептен добар впечаток ми остави...
ЗС: Добро.
ГЈ: И многу се одговорни. На пример ќе им кажеш тоа и тоа, и еднаш ќе им спомнеш, не треба два пати.
ЗС: Да.
ГЈ: Само ќе ти јави, завршено е, што мене ми се допаѓа, пошто јас така функционирам.
ЗС: Да де да. Добро.
ГЈ: А има за дискретност...
ЗС: Ама имам уште еден проблем ја, во размислувањето сега. Кога више фатив да го размислувам тоа. Ха, ха. После ми текна за ова другово и викам чекај сега да го видам, како да го, како да го...во реализацијата...
ГЈ: Аха...
ЗС: Значи не е спорно од аспект на идејата дали, поише од аспект на реализација. Како да идам со тоа, дали да идеме на друго некое вака, суштество или...
ГЈ: Да де да, те разбирам. А бе јас мислев...
ЗС: Пошто, не е за ова што зборат, што би рекол овој...
ГЈ: Ха, ха. Да, да, да.
ЗС: ...нашиов што зборат...него поише од друг аспект. Од аспект на, на... антикорупциска, тие што се, треба да се пријавува...
ГЈ: А бе знам. Јас го мислев, ама...
ЗС: Да се прави целата таа работа.
ГЈ: Ние уште не...
ЗС: Од тој апсект, не ова другово. Другово, па и другово ќе си се појави по некое време. Ааа, ќе рече види, види...
ГЈ: Комшии. Први комшии.
ЗС: Ааа, тоа е тоа.
ГЈ: Таман до нас, не знам дали има. Ха, ха, ха. И супер.
ЗС: И тоа више оди докажи после дека не е смислено...
ГЈ: А бе нека пукнат, нека зборат, што сакаат нека прават, нека кршат глава.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О