Фаќање крадец на велосипед со мечкин скок

Крег Бесинг од Остин може да му биде благодарен на својот систем за заштита на домот кој му овозможи навреме да го забележи крадецот кој се обиде да го украде велосипедот на неговата ќерка.


Во моментот кога се одвивала кражбата, тој работел во својот дом и сфатил дека нешто се случува во гаражата, особено откако камерата го регистрирала и тој добил известување.

„Кога видов што се случува, забележав момче во гаражата како го зема велосипедот на мојата ќерка. Се стрчав најбргу што можев и за среќа успеав да го фатам на време“ - вели тој.

По кратката борба со крадецот, тој успева да побегне, но таткото сепак го задржа велосипедот.

Настанот се одвивал на 19 април, а видеото дури сега стана популарно на YouTube, собирајќи повеќе од половина милион прегледи. Крадецот во меѓувреме бил приведен.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О