Некогаш бил познат како бодибилдерот со најголеми мускули, денес е бездомник

Бил Петис бил легенда во 80-тите години на минатиот век, имал мускули поголеми од оние на Арнолд Шварценегер и жените го обожувале. Но, додека Шварценегер станал познат холивудски актер и политичар во САД, бодибилдерот познат како „човекот со најголемите мускули“ завршил како бездомник.



Денес има 68 години и живее на улица, пишува LA magazine. Но, пред многу години тој бил сосем друг човек. Ги вежбал бицепсите и трицепсите по шест часа на ден. Додека обемот на мускулите на Шварценегер изнесувал 56 сантиметри, Бил имал 59 сантиметри.

Сите сакале негов автограм, а жените трчале по него. Тој тренирал заедно со Шварценегер, кој му давал пари, облека, па дури и работа во филмот Last Action Hero.

„Бевме како кралеви“, вели тој за LA Times.



Познат бил по неверојатните тренинзи, кревал тегови од 180 килограми, изведувал по 3.000 склекови и правел вежби за бицепси со тегови од по 100 килограми. Секој ден јадел по 20 јајца, исто толку и за вечера, не користел стероиди и никогаш не одлучил да започне свој бизнис поврзан со фитнесот.

Во 2004 година, по смртта на Џо Голд, неговиот ментор, животот на Бил тргнал во поинаква насока. Почнал да пие и оттогаш не престанал.

Денес живее како бездомник на плажа во Лос Анџелес, има 68 години и живее од социјална помош и милосрдие. Спие во автомобил, тренира бесплатно во теретана, а навечер работи во ноќен клуб.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О