
„На неговите предавања доаѓаат многу студентки кои се и мајки, а тој ги охрабрува да ги носат дечињата на предавањата“, напишала Сарит во објавата.
Професорот Енгелберг е татко на четири деца и дедо на пет внучиња, пишува Time. Фотографијата е направена кога едно од дечињата на часот почнало да плаче, а професорот го кренал в раце и продолжил со предавањето.
Според професорот, ниту една мајка не треба да бира меѓу детето и образованието.
