Во Индија е толку жешко што и асфалтот се топи

Топлотниот бран што ја зафати Индија однесе повеќе од 1.500 човечки животи, а во големите градови како Њу Делхи се топи и асфалтот, пренесува Metro.



Во изминатите неколку дена повеќе од 1.500 луѓе починаа од високите температури што ја зафатија Индија. Болниците се преполни со луѓе и повеќе нема место за оние кои страдаат од последиците на топлотниот бран. Во некои делови на земјата температурата се искачила и до 50 степени, а докторите ги предупредуваат луѓето да останат во своите домови и да не излегуваат надвор.

Експертите предвидуваат подолги и поинтензивни топлотни бранови во блиска иднина во Индија, но и во други земји.

Како луѓето се справуваат со жештините во Индија може да дознаете од следните фотографии што ги објави Mashable.















ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О