Кралот на животните ставен во незгодна ситуација

Го нарекуваат крал на животните, но и лавот некогаш мора да ја спасува својата кожа. Пример за такво нешто се фотографиите снимени во резерватот Масаи Мара, Кенија, на кои се гледа лав качен на дрво, а причината за тоа е стадо биволи.



Како што пренесува британски telegraph, фотографиите се снимени од страна на 63-годишниот Чарлс Комјун кој го посетил резерватот со својата сопруга. Тие биле на сафари и застанале за момент во близина на стадо биволи, а за кратко време животните станале нервозни.



Во тие моменти се појавил лавот, но стадото почнало да го брка, по што тој се качил на дрвото. Биволите кружеле околу дрвото, а лавот издржал кратко време во таква позиција, по што скокнал и побегнал.



Како што вели Комјун, дури кога избегал лавот, забележале дека стадото всушност заштитува младенче.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О