Сите очи биле насочени кон преслаткото детенце, кое се појавило на прославата на роденденот на кралицата Елизабета, и така ги засенило сите останати членови на кралското семејство, кое по тој повод ги поздравувало граѓаните од балконот.
Принцот претходно ја гледал поворката од прозорот на Бакингемската палата, од каде весело им мавтал на мама и тато, војводата и војвотката од Кембриџ.
Тој на балконот носел сина комбинација, која првобитно му припаѓала на неговиот татко, принцот Вилијам. Кенсигтоновата палата на Твитер ја објавила фотографијата од Вилијам од 1984-тата година, кога бил облечен исто како и Џорџ.
Иако кралицата наполнила 89 години во април, роденденската прослава традиционално се организира во јуни, поради подобрите временски услови.