Обожавател на Федерер влета на теренот за да се фотографира со него

Денеска Роџер Федерер го одигра првиот натпревар во рамките на Ролан Гарос. Тој го доби мечот против Фаља со 3:0 во сетови, но еден инцидент го вознемири тенисерот. Имено, едно момче успеа да мине покрај обезбедувањето и влета на теренот за да сними фотографија со Швајцарецот, кој потоа го критикуваше обезбедувањето, пренесува CBC.



Федерер секако не мислеше дека има нешто против тоа да се слика со негов обожавател, туку посочи на фактот дека е вознемирувачки што некој може да мине крај обезбедувањето и да влета на теренот.

„Вакво нешто не смее да се случи на теренот на Филип Шатрие“ – изјави Роџер.

„Очигледно не сум среќен поради ова“.

Момчето кое влета на теренот сакаше да сними фотографија со Роџер во моментот кога тој се подготвуваше да го напушти теренот по победата.

Федерер потоа изјави дека тенисерите треба да се чувствуваат безбедно кога настапуваат и го критикуваше обезбедувањето затоа што бавно реагира.

Тенисерите и вљубениците во тенисот добро се сеќаваат на инцидентот со Моника Селеш во 1993 година кога тенисерката беше прободена на теренот од маж кој мина покрај обезбедувањето на турнир во Хамбург. Токму затоа обезбедувањето на тениските турнири беше зајакнато, но сепак се случуваат пропусти.

Според она што го пренесува ESPN, директорот на турнирот после она што се случи со Федерер изјавил дека ова е засрамувачки за Ролан Гарос и дека мора да се погрижат вакво нешто да не се повтори.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О