„Коха диторе“: Предавство се крие зад инцидентот во Куманово


Инцидентот во Куманово бил договорено сценарио зад коешто стоело предавство на дел од членовите на вооружената група, пишува приштинскиот дневен весник „Коха диторе“, којшто веќе трет ден излегува со детали за судирот меѓу вооружена група и полицијата што се случи во Куманово.

Информациите коишто ги пишуваат косовските медиуми ги пренесува српската агенција „Фонет“.

Според весникот, Косовската информативна агенција (КИА) поседувала разговори на групата од Косово и Македонија од коишто се доаѓало до заклучок дека тие сакале да ја оживеат албанската Национална ослободителна војска.

Групата била скриени во пет куќи поврзани со тунели во Куманово, а според весникот, 70 отсто од населението од кумановската „Дива населба“ каде што се одвиваа борбите, било евакуирано ноќта кога почнале борбите.

Само четворица од групата знаеле дека тоа е направено според претходно договорено сценарио и групата била поврзана со македонската Управа за безбедност и контраразузнавање.

Планот на водачот бил некои од припадниците на групата да бидат повикани во Куманово на состанок и да ги предадат на полицијата, но тие отвориле оган кон полицајците и ситуацијата излегла од контрола, пишува „Коха“.

Дневниот весник „Зери“, пак, пишува дека одборот за внатрешни работи и безбедност на Собранието на Косово го повикале косовскиот премиер Иса Мустафа да поднесе извештај за сознанијата кои ги имал за инцидентот во Куманово.

Според весникот „Коха диторе“, кој се повикува на извори на КИА, претседателката на Косово Атифета Јахјага и премиерот Мустафа биле известени за можноста да се случи инцидентот во Куманово.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О