Емотивна фотографија од дечиња кои водат тешка битка

Ниту едно детенце не треба да се соочи со тешки предизвици, но некои од нив за жал водат битка за својот живот. И во таквите моменти, децата знаат да бидат инспирација за останатите. Доказ за ова е емотивната фотографија што можете да ја погледнете во продолжение.



На фотографијата се наоѓаат пет годишните Малија Џонс и Меделина ДеЛука - девојчиња кои се борат со ракот. Фотографијата е снимена во детската болница во Питсбург и на неа дечињата се претставени во прегратка и изгледа дека си даваат поддршка една на друга.

Оваа фотографија на социјалните мрежи ја сподели мајката на Малија, Тез, по што стана вирален хит, пренесува Elite Daily. Коментарите на луѓето се дека фотографијата е симбол на сила и надеж.

Девојчињата не се ни познавале претходно. Всушност, тие се запознале дента кога е снимена фотографијата. Како што објаснува Тез, Малија и пришла на Меделина, по што следела и прегратка.

„Се надевам дека целиот град ја видел фотографијата, како и луѓе надвор од градот, ширум светот - не само поради приказната на Малија, туку и заради останатите семејства што минуваат низ истото“ - вели Тез Џонс.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О