Најдобриот бикини костим за секој облик на тело

Со оглед на тоа што доаѓа летото, веќе се прават планови за одмор. Daily Mail направи водич за пронаоѓање совршено бикини или костим за капење што ќе им помогне на жените, според формата на нивното тело.

1. Тело во облик на круша



Жените со ваков облик на тело се потенки во горниот дел, но со пошироки колкови. Познати личности со вакво тело се Бијонсе, Алиша Кис и Кејт Винслет.

За да се оттргне вниманието од долниот дел на телото добро е да се одберат костими со интересни детали во горниот дел, а изгледот може да се дополни со шапка за сонце или накит.

2. Жени со големи гради



Кејт Аптон е идеален пример, со оглед на тоа што жените со големи гради треба да одберат горен дел со добра поддршка на градите. Ако сакате да го одвлечете вниманието од горниот дел носете костими со повеќе детали на долниот дел. На пример, може да носите интересни сандали, различен накит и слично.

3. Жени со мали гради



Кендал Џенер и Кејт Хадсон се пример за тоа какви костими одлично би им стоеле на жените со помали гради. Всушност, идеален избор би биле бикини костими со различни дезени, декоративни тетоважи и слично.

4. Девојки со облини





Ако имате голем задник, широки колкови, полни бутови и слично одлично ќе ви се најдат бикини костимите со поголем долен дел. Асиметричните костими се совршени за одвлекување на вниманието, додека треба да изберете и боја која ќе ја нагласи формата на телото.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О