Запален џипот на новинарот Бранко Тричковски


Џип „ренџ ровер“, сопственост на новинарот Бранко Тричковски, паркиран на булевар „АСНОМ“, бил запален утрово околу 5 часот. Пожарот зафатил уште еден автомобил „опел астра“ со скопски регистарски таблички.

СВР Скопје врши увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.

Тричковски се огласи на социјалната мрежа Facebook каде напиша дека „ордите на Груевски ми го убија џипот“.

„Ордите на Никола Груевски на повлекување убиваат невини луѓе, разоруваат куќи, уништуваат фамилии, бизниси, сè! Јас сум мала жртва во тоа оргијање на најневеројатната лудост што е забележана во еволуцијата на хомо сапиенсот: сношти ми го запалија џипот, еден убав спомен од времето кога водев успешен приватен бизнис во новинарството пред тие да дојдат да ми го уништат. Прво бизнисот па, еве, сега и споменот! Од три часот почнаа да ми тропаат на врата, да ми ѕвонат телефоните! Мислев дека се дојдени по мене, зашто во меѓувреме, добив илјадници закани во една оркестрирана и диригирана кампања од луѓето што се во служба на Големиот идиот со апели да се најде полицаец кој би ја извршил пресудата!“ напишал Тричковски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О