Го погубил со ракетен фрлач: Ким го разнесе министерот поради спиење за време на состанок

Севернокорејските власти го погубија министерот за одбрана на оваа земја, Хјого Јол Кол, бидејќи тој заспал за време на еден состанок кој го претседавал лидерот на државата Ким Јонг Ун и поради тоа што постојано му се противел.

Агенцијата на НИС ја информирала парламентарната комисија дека Кол е погубен кон крајот на април со оган од ракетни ласери, во присуство на повеќе стиотици набљудуваче, на стрелиштето на воената академија Канг Кон, изјавил претставникот Син Кјуонг Мин, кој присуствувал на состанокот во парламентот, пренесува новинарската агенција.

НИС не им соопштиле на пратениците како стигнале до овие информации, туку дека таа информација е од повеќе извори и дека сопствениците на агенцијата веруваат дека е веродостојна.



Откако ја преземе власта кон крајот на 2011-та година, Ким Јонг Ун смени повеќе официјални лица, во обид да ја зацврсти својата власт, наведува американската агенција, додавајќи дека аналитичарите и понатаму се поделени околу тоа дали крвавите егзекуции значат дека младиот лидер власта цврсто ја држи во свои раце или дека некој друг се обидува да се наметне.

Најзначајната промена на врвот на севернокорејската власт се случила во 2013-та година кога Ким Јонг Ун го погуби својот вујко и главниот заменик Џанг Сонг Тек поради обвинение за предавство.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О