Непристојна понуда: Предлогот на Кери до Путин: Остави го Асад, ќе ги намалиме санкциите?!

Аналитичките портали шпекулираат дека американскиот државен секретар Џон Кери, на разговорите во Сочи, на рускиот претседател Владимир Путин му понудил "размена" - Русија да ја повлече поддршката за сирискиот лидер Башар ал Асад, а САД да ги повлече или намали западните санкции за Москва.

Путин, Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, имале 4-часовен состанок во Сочи, а потоа Лавров и Кери разговарале уште неколку часови.

Никакви детали не "излегле" од овие долготрајни разговори, а политичките аналитичари велат дека таквите средби не биле организирани "туку така".



Во официјалните изјави за медиумите немало ништо посебно интересно, освен протоколните изјави дека "САД и Русија ќе продолжат да настојуваат да пронајдат заеднички јазик за бројните глобални предизвици", пренесува CNN.

Дали станува збор за американско попуштање или желба тензиите меѓу Москва и Вашингтон конечно да се намалат?



Така изгледа, иако е јасно дека САД и Русија сè уште имаат спротивставени ставови за голем број на теми, од Украина до Сирија. САД и Русија имаат и многу заеднички глобални предизвици - иранската нуклеарна програма, терористичката организација ИСИС, вселенската програма и други.

Кери по состанокот му се заблагодарил на рускиот претседател за "директниот пристап" и "деталното објаснување на руските ставови" по прашањата кои доведуваат до недоразбирања меѓу САД и Русија. Меѓутоа, за Украина не било соопштено ништо, а познато е дека САД не се премногу заинтересирани за договорот од Минск.



Состанокот меѓу Кери и Путин требало да трае еден час според протоколот, а траел повеќе од четири часа. Веднаш потоа, Кери се состанал со Лавров.

Некои американски медиуми пред пристигнувањето на Кери во Сочи, шпекулирале дека секретарот ќе се обиде да ја убеди Русија да се откаже од поддршката за сириските власти во "замена" за намалување на санкциите. До сега тие обиди не дале резултати, тврдат аналитичарите, бидејќи Русија има цврст став кон Блискиот исток.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О