Принцезата го доби своето име: И тоа е толку посебно!

Британската принцеза која се роди оваа сабота во Лондон го доби и своето име, кое е поспектакуларно и од сето она што се очекуваше. Најпознатото бебе на светот се вика Шарлот Елизабет Дајана, пренесува NBC news.

Кенсингтонската палата го објави името два дена после раѓањето на второто кралско бебе. Иако најголем број од луѓето очекуваа девојчето да се вика Алис, тоа име сосема изостана.

Затоа пак сите останати нагодувања се поврзаа на најубав начин, па девојчето го понесе името на својата баба, принцезата Дајана, својата прабаба, кралицата Елизабета, но со името Шарлот, целата комбинација доби и посебна нота.





Се смета дека Вилијам и Кејт го избрале токму името Шарлот, како еден вид на "женска верзија" на името Чарлс, во чест на таткото на војводата, принцот од Велс.

Освен тоа, името Шарлот има навистина долга историја во кралското семејство, но исто така, тоа е и средното име на сестрата на Војвотката од Кембриџ, Пипа.

Ако пак девојчето го добиеше името Алис, обложувачите кои вложија пари во тоа име можеа да заработат и до 750.000 долари.


Раѓањето на кралското бебе беше и вистински спектакл. Веста за доаѓањето на британската принцеза допре буквално до секој дел од светот. Со големо внимание беше проследено и нејзиното напуштање на болницата, а последните 24 часа со нетрпение се очекуваше и нејзиното име.




Новото бебе е четврто во редот за британскиот престол, зад својот дедо, принцот Чарлс, таткото, принцот Вилијам, и братот принцот Џорџ.

Шарлот од сега ќе биде позната како принцезата Шарлот од Кембриџ. Презимето Маунтбатен Виндзор го наследила од бабата, кралицата Елизабета II и дедото, принцот Филип, војводата од Единбург.


До пред неколку години, ќерката на војводата и војвотката немаше да може да се нарече принцеза. Всушност, во 1917-тата година Џорџ V-ти одлучил титулата "кралско височество", значи принц и принцеза, да мора да бидат ограничени на монархот, неговите деца, како и првото внуче на принцот од Велс.

Кога сè уште би важело тоа правило, името на принцезата Шарлот би било леди Шарлот Маунтбатен Виндзор.

Меѓутоа, недолго пред раѓањето на принцот Џорџ, кралицата го врати старото правило според кое сите деца на нејзиниот најстар син, принцот од Велс, можат да бидат "кралско височество".

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О