Три рецепти за ладно освежително кафе

Топлото време значи ладно кафе. ако сте љубител на кафе, сигурно едвај ја чекавте оваа сезона за да може да уживате во часа вкусно освежително кафе. Ви предлагаме три рецепти за кафе со кое ќе се освежите во топлите денови.

Еспресо Тоник

Потребни состојки:

- Тоник

- Доза еспресо



Ставете го тоникот во висока чаша со мраз и полека истурајте го еспресо кафето во неа, за да не ви претечат меурчињата. Ова може да го направите дома или пак да ги нарачате двете пијачки во кафуле и да си го зготвите на лице место.

Кафе со портокал

Потребни состојки:

- Кафе (филтер или инстант)

- Млеко

- Портокал



Доколку подготвувате филтер-кафе, во кесичката каде го ставате меленото кафе изрендајте малку кора од портокал. Топлата вода, додека се вари кафето, ќе ги свари и малите парчиња кора од протокал и кафето ќе добие одличен вкус. Изладете го и ставете го во чаша со мраз и парче портокал, и додадете малку млеко по желба. Доколку пак правите инстант кафе, подгответе го кафето како што нормално би го подготвиле, со тоа што во чашата со мраз и кафе ќе исцедите малку портокал и ќе ставите едно парче од ова овошје.

Мока со кафе коцки

Потребни состојки:

- Кафе (филтер или инстант)

- Млеко

- 4 лажички какао во прав



Направете кафе (филтер во машина или инстант во бокал) и откако ќе се излади ставете го во калапи за мраз. Кога ќе бидат добро замрзнати, подгответе висока стаклена чаша во која ќе го ставите какаото и ќе турите малку млеко и ќе измешате за да се раствори. Сега ставете ги коцките со кафе и одозгора истурајте млеко, сè додека не се наполни чашата.

На здравје! :)

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О