Најелитните специјални единици во светот

Елитните специјални сили се едни од најдобри тренираните и најзастрашувачките единици со кои може да се пофали една држава. Тие одат каде другите војници не можат, елиминирајќи ги заканите и метите, изведувајќи храбри и речиси невозможни спасувачки мисии.



Иако можеби е тешко да се рангираат овие единици, сепак некои од нив се издвојуваат поради подвизите и мисиите кои ги имаат остварено. Business Insider ги издвојува осумте најдобри во светот, кои се имаат истакнато со својата исклучителна работа.

1. Пакистанската Special Services Group (SSG)



Оваа група е позната меѓу нацијата како „Црните штркови“ поради нивните уникатни шлемови. Тренингот им вклучува марширање 60 километри за 12 часа и 8 километри трчање, во целосна опрема. Во октомври 2009, SSG влегоа во зграда и спасија 39 заложници на талибански платеници, по напад на седиште на армијата.

2. Шпанската Unidad de Operaciones Especiales или Naval Special Warfare Force



Единицата која го смени името во 2009 година, е една од најпочитуваните во Европа. Затоа и е тешко да се влезе во истата – просечно 70-80% од кандидатите паѓаат на главните тестови, а не е реткост тоа да се случи со сите од нив.

3. Руската Alpha Group



Оваа елитна анти-терористичка единица беше креирана од КГБ во 1974 и остана под модерниот пандан на истата, FSB. Денес важи за една од најдобрите во светот.

4. Француската National Gendarmerie Intervention Group (GIGN)



Анти-терористичката единица се состои од 200 силни членови со специјален тренинг за заложнички ситуации. Тврдат дека од 1973-та, од нивното формирање, до денес имаат ослободено преку 600 луѓе. Една од најисклучителните акции на единицата се случила во 1979-та година, големата џамија во Мека беше под опсада. Бидејќи не смеле луѓе кои не се Муслимани да стапнат на светото место, тројца припадници на GIGN го прифатија муслиманството на кратко, за да им помогнат на воените сили на Саудиска Арабија да ја ослободат џамијата.

5. Израелската Sayeret Matkal



Примарната цел на оваа единица е разузнавање и често оперира на непријателска територија. За време на селекција на кандидати за истата, регрутите поминуваат низ тешки тренинг вежби додека се надгледувани од страна на доктори и психолози. Само најсилните влегуваат.

6. Британската Special Air Forces


Познати како SAS, групата го следи мотото „Кој се осмелува, победува“. Играа важна улога во војната во Ирак – генералите велат дека не можеле без нив.

7. Британските Special Boat Service



Оваа единица е британски пандан на американските „фоки“. Процесот на селекција вклучува тешки тестови на физичка издржливост, тренинг во џунгли во Белизе, боречки вежби и тренинг за издржување на техники за испрашување.

8. Американските Navy SEALS



За да станете дел од „фоките“, за почеток мора да направите 42 склекови во 2 минути, 50 чучења во две минути и да истрчате 2,5 километри за 10 минути – сето ова пред да почне тренингот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О