Како изгледа денес момчето кое некогаш важеше за најсилно дете во светот?

Ричард Сандрак некогаш беше познат како „малечкиот Херкул“. Ова момче родено во Украина, кое подоцна со своето семејство се преселило во САД, на многу мала возраст има тренирано бодибилдинг и боречки вештини, а денес има 23 години и се занимава со нешто сосема поинакво.



Таткото на Ричард, Павел, некогаш бил шампион во боречки вештини и тој главно е заслужен за строгиот режим кој Ричард го практикувал како дете. Ричард кревал тегови, посветено вежбал и бил на диета, поради што немал детство како сите останати. Павел бил критикуван за строгиот режим што му го наметнува на синот, па дури имало шпекулации дека Ричард користи стероиди.

Тоа што во еден период бил прогласен за најсилното дете во светот, на Ричард му донело слава што ја искористил за промовирање различни производи и учество во натпреварувања.



Кога Ричард имал 11 години, Павел бил уапсен затоа што физички ја нападнал сопругата поради што добил затворска казна. По тој момент работите се промениле и Ричард со тек на време одлучил да се занимава со нешто поинакво, па така сега е каскадер во студиото Universal во Холивуд и сонува да стане дел од тимот на НАСА.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О