Син на корумпиран азербејџански министер стана почесен конзул во Македонија

Анар Мамадов, син на азербејџанскиот министер за транспорт Зија Мамадов, е назначен за почесен конзул на Азербејџан во Македонија. Медиумите во Азербејзџан ја пренесуваат веста дека македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски го назначил Мамадов за конзул, пренесувајќи ја неговата писмена изјава во којашто Попоски за одлуката го известува азербејџанскиот министер за надворешни работи. 

Амар Мамадов во средина


- Основачот на една од најголемите компании во Азербејџан, „Гарант Холдинг“, основачот и претседател на Азербејџанската голфска федерација и основачот на Азербејџанско-американската алијанса е назначен за почесен конзул на Азерјбеџан во Македонија со цел „понатамошно зајакнување и развој на врските помеѓу двете држави“, вака медиумите во Азербејџан блиски до власта ја пренесуваат веста за новата, дипломатска обврска и укажана чест на синот на тамошниот министер.

На површината, референците на младиот азербејџански бизнисмен звучат допадливо. Но, ако неговата биографија се погледне низ призма на новинарските истражувања посветени, тогаш Амар Мамадов го симболизира раскалашеното потомство на корумпираната азербејџанска политичка елита.

Синот Мамадов директорува или е акционер во низа компании кои благодарение на силните политички врски држат монополи во многу бизнис сектори во земјата, а „цедат“ и многу од државните пари кои се доделуваат на владините тендери. Неговиот татко важи за многу близок до „фамилијата“, како што популарно во Азербејџан ја нарекуваат малата моќна група од неколкумина собрана околу претседателот Илхам Алијев.

За бизнис империите на „фамилијата“, сепак, многу малку ќе прочитате во азербејџанските медиуми. Повеќето од новинарите истражувачи објавуваат надвор од својата земја бидејќи претседателот Алијев се има „погрижено“ речиси до ниво на перфекција да ги убие слободните медиумите. Земјата важи за една од десетте држави во светот со најсилна цензура, според „Фридом Хаус“, а околу 10 новинари и блогери се во затвор поради своите критички текстови на адреса на власта.

Преку мрежа на оф шор компании на имиња на нивните деца и брачни другари, претседателот Алиев, како и неговите блиски соработници во владиниот кабинет, буквално го поседувааат речиси целиот поважен бизнис во земјата. Нивните компании се успешни благодарение на лукративните и неконкурентни тендери.

Со само една од компаниите во кои како содружник се јавува Анар Мамадов, „Банглан Груп“, од азербејџанскиот буцет се цедат милиони евра за тендери за автопати, увоз на автобуси и автомобили за државните и јавни претпријатија, а компанијата има и банка чии што услуги понекогаш се „задолжителни“ за приватниот и државниот сектор. Другите фирми на Мемадов работат во сферата на хотелиерството, осигурувањето и градежништвото.

Сепак, вистинската моќ лежи во таткото Мамадов, кого западните медиумите го опишуваат како „корумпиран политичар тежок милијарди долари“ кој е дел од олигарската фамилија под контрола на претседателот Алијев. Неговиот син и, сега веќе почесен конзул во Македонија, вниманието во печатот го добива најчесто преку имиџот на „плејбој кому му е здодевно“.

Тој стана ѕвезда во светските медиуми кога на една од неговите мегаломански забави платил 1,2 милиони долари за на својата забава да може да има дива мечка од заштитен вид, само за своја лична забава, а која потоа била жива одрана и испечена за него и неговите пријатели на забавата. Во друг инцидент, Анар Мамадов беше и протеран од Дубаи поради неговата дива забава во еден од рестораните во градот.

писмената изјава со којашто Попоски го информира колегата во Азербејџан за одлуката за избор на Мамадов за почесен конзул

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О