Поради оваа снимка гори Тел Авив!

Најмалку 56 полицајци и 12 демонстранти биле повредени вчера во Тел Авив, во судирите кои избиле по собирот против насилството и дискриминацијата на полицијата над Израелците со потекло од Етиопија.

Полицијата соопштила дека неколку демонстранти биле приведени. Околу 3.000 луѓе, во главно Евреи со етиопско потекло, протестирале вчера во Тел Авив против расизмот и бруталноста на полицијата, предизвикувајќи прекин во сообраќајот, а подоцна и нереди.


Полицијата на коњи користела гранати за зашеметување, водени топови и солзавец, за да ги растера демонстрантите и да ги исчисти улиците, но луѓето сепак продолжиле да се враќаат.

Етиопската заедница во Израел била вознемирена од објавената снимка на која се гледа како израелски полицајци тепаат израелски војник од етиопско потекло.

И други Израелци се приклучиле на неделниот протест барајќи "еднакви права", и "праќање на агресивните полицајци во затвор". Марширале низ Тел Авив држејќи ги рацете во воздух, како да имаат лисици.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О