11 интересни работи кои веројатно не сте ги знаеле за серијата „Пријатели”

Поминаа 20 години од кога почна снимањето на една од најпопуларните хумористични серии на сите времиња.

Кортни Кокс, која во популарните „Пријатели“ ја глумеше Моника Гелер овие денови го прослави својо 51 роденден. По тој повод, „Huffington Post“ се присетил на серијата поради која Кокс стана ѕвезда и направил листа од 11 работи кои веројатно не сте ги знаеле за оваа мегапопуларна серија.

Кокс, како и Моника е многу уредна и често ги чистела туѓите гардероби
„Имаше најуредна гардероба. Дури и ги чистеше просториите кои ги користеа другите актери затоа што не сакаше да влегува ако беа многу неуредни“, рекла една од продуцентките на серијата, Марта Кауфман, за „Los Angeles Times“ уште во 1995 година.


Актерите влечеле цевчиња за тоа кој ќе добие повеќе или подобра гардероба

На насловната страница од „People” во 2000 година се појави приказна која откри дека актерите влечеле цевки за да одредат кој од нив ќе ги добие двете најголеми гардероби на снимањето.

Имаше приказна дека актерите морале да потпишат договор според кој не смееле да спијат меѓу себе

Магазинот „Elle” во 1997 година донесе приказна за Кокс, во која пишуваше дека постојат ’гласини за тоа дека актерите потпишале некој вид на договор дека нема да спијат едни со други’. Кога ја прашале Кокс за тоа, таа почнала да се смее и рекла дека ’никогаш не постоел никаков договор’.

Лајза Кудроу еднаш се пошегувала на таа тема дека актерите станале блиски откако сите спиеле заедно

Американски „ Weekly“ во 1996 година имал големо интервју со Џенифер Анистон, Лајза Кудроу и Кортни Кокс, а особено бил забавен нивниот одговор на прашањето што би се случило ако машките колеги ги видат голи.

Додека Кокс одговорила дека тоа не би и` пречело, Анистон се пошегувала и рекла дека премногу им значат и дека веројатно би им било непријатно. После тоа, Кокс додала дека сите се како браќа и сестри, на што Кудроу се пошегувала: „Мислите откако престанавме да спиеме едни со други?“


Продуцентите воделе детална анализа за тоа колку кој актер имал смешни изјави, за да бидат сигурни дека сите кажале подеднаков збор на смешни работи.

Продуцентите ја воделе анализата со помош на графички прикази кои цело време виселе по ѕидовите на снимање. Денес такви работи речиси воопшто не се прават.

Кокс имала посебно место кое се викало „Слатката кабина на Кортни“ на снимањето на серијата

Имено, Кортни Кокс била зависничка од брза храна, а за „прејадување“ користела мало катче кое сите на сетот го нарекле„Слатката кабина на Кортни“.

Метју Пери, Мет Лебланк и Дејвид Швимер играле видео игри на паузите од снимање


Пол Руд (Мајк, сопругот на Фиби) ја добил улогата откако директорот на кастингот покрај неговото име напишал само – Dreamer

Актерите, на чело со Дејвид Швимер се побуниле затоа што Џенифер Анистон секогаш доцнела на снимањето


Анистон признала дека тоа се случило, но дека Швимер тоа го направил многу љубезно. Тој и` рекол дека зборувал со останатите момци и дека заклучиле дека девојките често доцнат на снимање, на што Лајза Кудроу одговорила дека тоа е така затоа што тие мора да се подготвуваат, а момците само стануваат од кревет и одат на снимање.

На сетот, сите ја сметале Лајза Кудроу за најпаметна од целиот тим, и покрај ликот кој го глумела

Лајза Кудроу немала ама баш ништо заедничко со Фиби, а Кортни Кокс во едно интервју кажала дека Лајза е една од најпаметните луѓе кои ги запознала во животот.


Дури и пред да станат пар во серијата, Кортни рекла дека ако Моника мора да биде во врска со некој од „Пријателите“, тоа да биде Чендлер.

Кокс тоа го рекла во интервју за „Elle”, а и` се допаѓало тоа што Чендлер е саркастичен, што е многу слично на Моника. Една година после таа изјава, Моника и Чендлер станаа пар.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О