Девет години војна: Еве зошто во Мексико преживеале само два нарко картели

Во Мексико веќе со години беснее војна меѓу два ривалски нарко-картели, кои се борат за регионална контрола од една страна, и силите на мексиканската влада од друга страна, која во текот на 90-тите и раните 2000. години била прилично пасивна по тој проблем. Тоа се променило на 11. декември 2006. година, кога претседателот Фелипе Калдерон решил да примени "кингпин" стратегија...


Мексико, со оглед на својата географска положба, долго време бил важна точка во транспортот на наркотици, илегални мигранти и друга забранета роба во САД.

Во текот на 80-тите и раните 90-ти, Колумбиецот Пабло Ескобар бил главен извозник на кокаин во САД. Кога властите ја зголемиле контролата во јужна Флорида и на Карибите, колумбиските криминални организации воспоставиле соработка со мексиканските шверцери на дрога, за да можат преку Мексико да пренесуваат кокаин во САД, пишува Business insider.


Ова не било тешко да се спроведе бидејќи Мексико веќе долго време бил главен извор на хероин и канабис за САД, и трговците со дрога од Мексико веќе имале воспоставена инфраструктура која била подготвена да им излезе во пресрет на колумбиските трговци со дрога.

Со новите извори на приходи, голем број на картели многу брзо прераснале во моќни и опасни организации, кои биле посилни од самата држава. Секако, многу брзо започнала и борба за превласт во кокаинскиот бизнис.

Борбите меѓу ривалските картели со полна силна започнале по апсењето на Мигел Ангел Феликс Гаљардо во 1989. година, кој го водел кокаинскиот бизнис во Мексико. Кон крајот на 90-тите дошло до затишје во насилствата, но состојбата од 2000. година константно се влошувала.


Претседателот Фелипе Калдерон

Новонастанатата ситуација, односно константните пресметки меѓу нарко-картелите, во 2006. година решил да ја искористи новоизбраниот претседател Фелипе Калдерон.

Владата на Мексико истакнала дека нејзина главна цел е да ги уништи моќните нарко-картели, а не трговијата со дрога - задача која им била оставена на властите во САД.

Тој на 11. декември истата година пратил 6.500 припадници на федералните сили во државата Мичоакан, за да го спречи насилството меѓу тамошните картели. Оваа акција се смета за прва голема операција против организираниот криминал, и општо се смета за почеток на војната меѓу владата и нарко-картелите.


Покрај тоа, Калдерон истакнал дека главна цел е уништување на моќните нарко-картели, а не на трговијата со дрога, што било оставено на властите во САД. Во склад со тоа, тој се одлучил на "кингпин" стратегија, односно на таргетирање на нарко шефови чии апсења би го потресле нарко светот.

Промените во системот, како што се апсења или смрт на лидери на каретели, водат кон крвопролевање бидејќи ривалите се обидуваат да го искористат настанатиот вакуум. Овие вакууми внатре во картелите настануваат со успешните акции на владините сили против одреден картел, па картелите често разменуваат разузнавачки податоци за операциите на противничките групи од мексиканската влада, за да започнат пресметка со ривалските картели.

Како минувало времето, Калдерон продолжувал да ја засилува својата кампања против дрогата, во која сега се вклучени 45.000 војници, заедно со силите државната и федералната полиција.


На 26. април 2008. година, дошло до голема битка меѓу припадниците на картелите Тихуана и Синалоа во градот Тихуана во Долна Калифорнија. Загинале 17 луѓе. Оваа битка довела до загриженост дека насилството би можело да се пресели во САД, бидејќи Тихуана и другите погранични места станале жаришта на насилство и војна.

Во септември 2008. година, во бомбашки напади во Морелија, за кои биле осомничени припадници на картели, загинале осум цивили, а повредени биле повеќе од 100.

Во март 2009. година, претседателот Калдерон пратил дополнителни 5.000 војници со градот Хуарез.

Американското министерство за национална безбедност исто така издало соопштение дека се разгледува можноста за користење на националната гарда, бидејќи мексиканските нарко-картели кои оперирале на границата биле многу пософистицирани и поопасни од било кои организирани криминални групи со кои американските сили за безбедност се сретнале во својата историја. Според нивните извештаи, нарко-картелите користеле минофрлачи, автоматско оружје, панцири и шлемови.


Резултатите од "кингпин" стратегијата

Бројот на жртви многу брзо растел. Според извештајот од “Стратфор”, бројот на убиства поврзани со дрога во текот на 2006. и 2007. година, двојно се зголемил во 2008. година, кога загинале повеќе од 5.000 луѓе, но пораснал и во текот на наредните две години. Во 2011. година загинале повеќе од 11.000 луѓе.

Се смета дека во периодот од 2006. до 2012. година, во борбите помеѓу нарко-картелите загинале најмалку 60.000 луѓе.


Денес во Мексико, оперативни и функционални се само два големи нарко-картели - "Халиско Нова генерација" и "Синалоа".

"Кингпин" стратегијата успеала да уништи голем број нарко-картели, но претставува и почеток на крвавите вооружени судири ширум земјата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О