Жените се фотографираат со едната рака на градите, и тоа со многу важна порака

Жените во последно време започнаа многу да се грижат за својот физички изглед и тежината. Затоа компанијата "Curvy Kate" започна и нов интернет предизвик под името #BoobsOverBellyButton.


Девојките започнаа да се фотографираат со раката преку градите, и тоа со цел да ја рашират свеста за ракот на дојката, а воедно и да покажат дека вишокот на килограми и не е нешто поради што би требало да се срамат.

Овој предизвик го осмисли британската компанија "Curvy Kate" во соработка со хуманитарната организација која што се бори против канцерот на дојка, "CoppaFeel!".


Компанијата ги поттикнува жените да се чувствуваат позитивно што се однесува до нивните тела, а предизвикот има и навистина разумна крајна цел.


- Постојат многу поважни нешта зошто би требало да го проверувате вашето тело, а не само да гледате дали се вашите дланки доволно флексибилни за да го опколат вашето торзо. Сакам да ги охрабрам сите девојки и жени да ги проверат своите гради и да знаат како всушност здравите гради изгледаат, а не да ги демонстрираат недостатоците кои што ги обесхрабруваат, изјавија од "Curvy Kate" на нивниот блог.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О