Директорка злоупотребувала ученици: „Ми ја одзеде невиноста кога имав 13 години“

Британска учителка и поранешна директорка на училиште, која своевремено ја воздигнувале до небо поради начинот на раководење, добила осум години затвор поради секс со ученици, пренесуваат британските медиуми. Некогаш угледна учителка, Ен Лејки (55) е лишена од слобода поради сексуално злоставување на своите ученици за време на осумдесеттите години. Момчињата во тоа време биле на возраст од 13 и 15 години, а тортурата ја трпеле цели три години.


За време на судењето, завршено во вторникот, еден од нападнатите момци ја нарекол Лејки „одвратно сексуално чудовиште“, пренесува BBC News.



Нејзината кариера, во која станала национален водич на образованието, во целост запрела во 2012 година, откако еден од момчињата, сега веќе возрасен маж, напишал писмо до своето поранешно училиште разоткривајќи го злоставувањето кое тој и другото момче го трпеле пред цели 25 години.

Сега кога тој и самиот е татко, жртвата навела дека „му се лошело“ секој пат кога Лејки тврдела дека нејзиниот приоритет се младите.

Неговиот мејл довел до суспензија на директорката во училиштето "Durham Federation", но кога полицијата започнала истрага, Лејки му се јавила и се обидела да го наговори да ги лаже детективите.


„Зборуваше за својата кариера, ќерката и сопругот, дека после тоа немала секс со други момчиња... Се трудев да се воздржам. На почетокот ме преплавија емоции, но на крајот успеав да останам целосно ладен“, раскажал еден од злоставуваните момчиња.

Тој опишал како Лејки, која предавала историја и веронаука, му ја одзела невиноста кога имал 13 години, но претходно морал да ја гледа како се тушира. Тој раскажал во полиција дека после тоа често имале сексуални односи во нејзиниот брачен кревет.

Во една прилика дури морал да се сокрие во плакар за да не бидат фатени. Тој се обидел повеќе пати да ја прекине врската, но морал да се избори да излезе од нејзиниот дом.



Лејки расплакана демантирала сè, но признала дека имала легална сексуална врска со друга (постара) жртва. Таа тогаш имала 30, а момчето 18 години.

Судијата Хауард Краусон и` рекол на обвинетата дека во текот на целата кариера била „инспирација за наставниците и директорите“.



„Но, во текот на осумдесеттите години сте уништиле две момчиња дупло помлади од вас. Тие биле наивни и незрели. Ова ќе ја уништи кариерата на која толку долго сте работеле“, рекол Краусон.

Инаку, Лејки е мајка на две деца, а зад себе има три бракови. Педагошката слава ја стекнала откако факултетот "Fyndoune" во Сакристон го спасила од пропаѓање.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О