Долче Вита во "италијанскиот Алкатраз": Затворениците собираат грозје за 1.500 евра месечно

На италијанскиот остров Горгона има околу 60 затвореници, осудени поради сериозни злосторства како убиства, криумчарење на дрога и вооружени грабежи.

Тие работат на еден хектар винова лоза, предел од кој има фантастичен поглед кон темносините води на Медитеранот, а за работата која што ја завршуваат се платени околу 1.500 евра, како и останатите работниците кои што работат на имотот на маркизот Фрескобалди.

Островот Горгона се наоѓа во тосканскиот архипелаг, на еден час возење со брод од Ливорно и претставува последна затворска колонија во Европа.


За разлика од некогашниот озлогласен американски Алкатраз во заливот на Сан Франциско, затворениците на Горгона своите денови ги минуваат одржувајќи винова лоза на сончевите падини, опкружени со ароматични четинари, наместо да бидат заклучено во добро чувани ќелии.


Во Горгона затворениците се дел од единствениот експеримент за друштвена рехабилитација. Вештините кои што ќе ги стекнат тука би требало да им помогнат во започнување на нов живот кога ќе бидат ослободени.


Белото вино од Горгона, кое го носи и името според овој остров, надалеку е познато по својот квалитет и се продава по цена од 80 евра за шише. Секоја година не се произведуваат повеќе од 3.000 шишиња кои се купуваат исклучиво во ексклузивните ресторани во Италија или во странство. Првата берба на ова грозје била во 2012-тата година.

- Се работи на високи температури, но јас навистина уживам во работата. Не е лесно да се дојде на островот, има многу затвореници кои што би сакале да се на моето место. Ако добро се однесувате и ги почитувате чуварите и останатите затвореници ви дозволуваат и да останете тука, вели Кармело, 54-годишник кој служи 16 години поради убиство, додека потејќи го проверува лозјето.


Овој проект се покажал како исклучително успешен – само 20 отсто од затворениците после ослободувањето од Горгона направиле ново кривично дело, во споредба со 80 отсто после излегувањето од пренатрупаните затвори на копно.



Поради ваквите резултати е засаден уште еден хектар со лозје, а властите се надеваат дека успехот би можеле да го пренесат и на блискиот остров Пјаноза.

Тосканското аристократско семејство Фрескобалди, која се занимава со производство на вино уште од 13-тиот век, се понуди и да помогне во пренесувањето на нивните вештини на затворениците.



- Еден ден овие луѓе ќе излезат од затворот и што ќе прават потоа без скршен денар во нивниот џеб? Ние само сакавме да се обидеме да им помогнеме, да направат нешто за возврат за општеството, вели Ламберто Фрескобалди, кој е припадник на 30-тата генерација од ова семејство кое се занимава со производство на вино.

Затворениците работат шест часа дневно, освен во текот на бербата кога работното време е осум часа, и тоа не само во лозјето, туку и на островската фарма.



Во овој затвор половината од затворениците се имигранти од Мароко, Бангладеш, Романија и уште неколку земји. Пристап на овој остров не можат да добијат осудените припадници на организираната мафија и затвореници кои што служат казни поради кривични дела од сексуална природа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О