Забранет пристап: Србија врати 400 мигранти во Македонија



Српскиот министер за труд, вработување и социјални прашања Александар Вулин во вторникот изјави дека границата на државата е добро чувана и дека околу 400 мигранти се вратени во Македонија.

„Синоќа единиците на нашата жандармерија и нашата погранична полиција сопреа 21 група од околу 400 лица и ги вратија на територијата на Република Македонија. Пред неколку дена беа откриени педесеттина групи со 1.320 мигранти. Веќе се слуша дека нашата граница е добро чувана, дека е цврста, дека е тврда. Го правиме тоа што го можеме“, рече Вулин за РТС.


Тој вели дека во овој процес најзначајно е Министерството за внатрешни работи и рече дека е постигнат договор полициите на Србија, Унгарија и Австрија да патролираат на границата меѓу Србија и Македонија, бидејќи македонската полиција нема капацитети тоа само да го реши.


„Таа река на мигранти со која Србија не може да излезе на крај, не е нешто што го има предизвикано Србија, а не е ниту главната цел на мигрантите“, наведе Вулин.

Тој истакна дека во Србија ниту еден мигрант не останал без храна и здравствена нега.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О