И Македонија има тениска надеж: 16-годишниот Јанкуловски го заработи првиот АТП-поен

Најголемата надеж на македонскиот тенис, 16-годишниот Бојан Јанкуловски денеска ја оствари првата победа на ИТФ-турнирите.

Во првото коло во Благоевград, Јанкуловски убедливо го совлада Бугаринот Васил Шандаров (1.603.) со 6-1, 6-3 и со тоа се пласира во 2. коло, што значи еден поен според правилата на меѓународната тениска федерација (ИТФ). 


Ова е само втор турнир на кој Јанкуловски успеал да се пробие до главната ждрепка (во Ваљево минатата недела) и веќе во вториот дуел запиша победа.

Во Благоевград првото коло го мина и Стефан Мицов. Нешто пред мечот на Јанкуловски, Мицов го изненади Русинот Дмитри Сурченко, 961. на АТП-листата, со 6-4, 6-1.

Во второто коло на турнирот вреден 10.000 долари, Мицов ќе игра против првиот носител, Бугарнинот Александар Лазов (327.), додека Јанкуловски со осмиот фаворит, Чехот Јан Блеха (888.).

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О