Како изгледаат костимите за капење од Victoria’s Secret на обичните жени?

Неколку новинарки од редакцијата на BuzzFeed решија да направат интересен експеримент. Велејќи дека со години им се восхитувале на моделите од Victoria’s Secret, решиле и самите да се стават во улога на модели.


„Кога бевме девојчиња пораснавме идеализирајќи ги жените што ги гледавме во списанија, надевајќи се дека еден ден кога ќе пораснеме ќе се погледнеме во огледало и ќе ја видиме истата убавина во нас. Секое лето сме изложени на беспрекорните фотографии од моделите на Victoria’s Secret. И секое лето се прашуваме зошто кога костимите ќе пристигнат во продавниците ние не се чувствуваме беспрекорно во нив“, пишува BuzzFeed.


Девојките ја направиле истата фотосесија на плажа во Малибу како онаа со моделите на Victoria’s Secret, а потоа и поединечно прикажувајќи како изгледаат во истите костими за капење што ги носат познатите ангели.

„Мислиме дека е навистина важно за жените со различна форма и големина на телото да имаат точна претстава за овие костими за капење, односно за тоа како навистина изгледаат телата на секојдневните жени во нив“.






ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О