Кога ќе ви речат дека треба да решите одредена задача за кратко време како што се 20 секунди, претпоставувате дека станува збор за нешто едноставно. Токму толку време им било оставено на шестгодишни дечиња во Хонгконг за да ја решат задачата што можете да ја погледнете во продолжение.
Задачата како што пренесува британски Guardian, се има паднато во рамки на тестирањата за прием во прво одделение во училиштата во Хонгконг. Прашањето е: На која бројка е паркиран автомобилот?
Задачата инаку ја има осмислено Дејвид Бодикомб, кој соработува со голем број на списанија за кои создава загатки и игри. Тој оваа задача ја создал пред 20 години, инспириран од паркинг што го видел во Португалија, а истата била објавена во издание во 2002 година, но за Guardian изјавил дека нема поим дека се користи за тестирање на децата во Хонгконг.
Доколку ја погледнете сликата наопаку, ќе го најдете и одговорот кој гласи: 87.