Се сакаат од мали нозе: Оваа свршувачка ја виделе 2 милиони луѓе, а еве и зошто...

Заедно пораснале, завршиле основно и средно училиште, заедно одат низ животот, и доколку даде Бог, заедно ќе остарат!


Сем Макарони и Џесика Бурзичели се доказ дека романтичната љубов постои. Се запознале и заљубиле кога имале по 10 години, а нивната љубов станувала сè посилна.



Овој пар од Њу Џерси никогаш не се раздвојувал - заедно завршиле основно училиште, заедно завршиле средно училиште, оделе на училишните игранки и матурата, заедно пораснале.

Биле раздвоени само кога додека студирале, бидејќи биле на различни факултети, но нивната љубов опстанала и покрај таа препрека.

"На крајот, двајцата сфативме колку си значиме еден на друг", вели Џесика.


"Сакав да ги опишам сите фази од нивната врска, од почетокот до сега", раскажал Мек и додал дека следната фаза била да ги "замоли" Сем и Џесика да му помогнат да сними спот. Џесика прифатила, без да знае што се подготвува.


Спотот бил снимен низ цела Филаделфија, а Мак цело време пеел некоја друга песна.


Последните сцени од спотот биле снимени во ресторан, каде што Сем конечно клекнал на колено.

Џесика веднаш сфатила дека љубовта на нејзиниот живот ја запросува, и едноставно заблескала од воодушевување - не можела да ги задржи солзите.

"Сонував за овој момент уште од кога бевме деца", рекла Џесика.

Спотот бил поставен и на ЈуТјуб, а за помалку од месеци собрал речиси 2 милиони прегледи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О